Иако Северна Кореја е под меѓународни санкции и не е можен никаков извоз од Европа претседателот Ким Џонг Ун има голема колекција на луксузни лимузини, во најголем број Мерцедеси.

Се прашувате како е тоа можно? „Њујорк тајмс“ ја истражуваше рутата како тие патуваат и како почетна точка го посочува пристаништето во Ротердам во Холандија. Оттаму возилата заминуваат за Далијан на северот на Кина.

Од Кина, бродот заминува во Јапонија во Осака, а оттаму се упатува во Јужна Кореја, поточно во Бусан. Понатаму со брод кој плови под знамето на Того се упатуваат кон Северна Кореја.