Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денес итно го прекинак одморот во Австрија и бил префрлен во болница каде треба да се оперира во итна процедура.

Јункер (64) од Австрија е префрлен во Луксембург каде треба да му биде оперирано жолчното ќесе.

Јункер функцијата шеф на ЕК ќе ја извршува до октомври годинава, а него ќе го замени Германката, Урсула фон дер Лајен.

Инаку, Јункер има важна агенда – наредната недела е самитот на Г7 во Биариц, Франција.