Поранешната украинска премиерка Јулија Тимишенко објави дека ќе се кандидира за претседател на државата. Според анкетите, Тимошенко, која на премиерската функција се наоѓаше од 2007 до 2010 година, важи за фаворит на претседателските избори во Украина, што треба да се одржат на 31 март.
Тимошенко мина 2,5 години во затвор заради потпишување на договор за гас со Русија, што во голема мерка се сметаше како чин на одмазда од нејзиниот политички противник, тогашниот украински претседател Виктор Јанукович. Тимошенко загуби од Јанукович на претседателските избори во 2010 година, а во 2014 од актуелниот претседател Петр Порошенко.
Кандидатурата Тимошенко ја објави на конгресот на својата партија „Баткившчина“ во Киев и вети дека ќе воспостави контрола врз Крим и сепаратистичките области во Источна Украина.
Comments are closed for this post.