Руски канибал доби 12 години затвор поради тоа што ја убил својата 27-својата девојка, по што го сварил и го изел нејзиното срце. Убиецот е 35-годишниот Алексеј Јастребов, кој со ножици ја прободел Екатерина Никифорова 129 пати, по жестока расправија. Жртвата била мајка на две деца.

Откако ја убил, тој со кујнски нож и го пресекол грлото, по што ги извадил срцето и белите дробови, ги зготвил во рерна и ги изел со чаша црвено вино.

За време на судењето, Јастребов побарал прошка од мајката на убиената девојка.

Се надевам дека нејзините роднини и пријатели ќе можат да ми простат еден ден, затоа што јас никогаш нема да можам да си простам сам на себе. Предизвикав толку многу болка, но не беше намерно – изјавил Јастребов.

Сепак, такво нешто нема да добие од мајката на жртвата, пензионерката Љубов Тимошенко., која остро ја осуди пресудата, велејќи дека убиецот заслужува смртна казна, или барем доживотен затвор, а не 12 години и задолжителен психијатриски третман.

Не можам да му простам. Тој ќе живее, но мојата ќерка не. Кој ќе им врати мајката на нејзините деца. Тој заслужува доживотен затвор, кога веќе нема построга казна – изјави мајката на убиената, Екатерина.

По убиството, Алексеј се јавил на сопственичката на станот и и рекол да повика полиција и брза помош, по што си ги забил ножиците во врат во обид да изврши самоубиство.