Мал тим на израелски научници тврдат дека го пронашле првиот целосен лек за рак, за кој тврдат дека е ефикасен и кој ќе има значително пониска цена од другите третмани.
Веруваме дека за една година ќе понудиме целосен лек за рак. Нашиот лек против канцер ќе биде ефикасен од првиот ден и нема да има никакви споредни ефекти, а тоа ќе биде по пониска цена од останатите третмани кои се наоѓаат на пазарот, изјави Дан Аридор, претседател на одборот на компанијата (AEBi)
Оваа најава звучи фантастично, ако се земе предвид дека секоја година од рак заболуваат 18,1 милион луѓе. Секој шести починат во светот е како резултат на рак, што оваа болест е втор причинител за смрт.
Comments are closed for this post.