Италијанскиот Сенат денеска одлучува дали ќе дозволи судење на поранешниот десничарски министер за внатрешни работи Матео Салвини поради наводното киднапирање на мигрантите на спасувачкиот брод во близина на брегот на Сицилија минатата година.

Салвини, кој и самиот е сенатор, бара да му биде укинат имунитетот и да му биде судено за тоа,  како што наведува дека е одбрана на Италија од илегалните мигранти кои се виновни за криминалот и за одземањето на работните места од Италијанците.

Се очекува предлогот да добие поддршка во Сенатот со гласовите на крајнодесничарската партија Лига на Салвини и на опозициските сојузници.

Ако му биде судење, Салвини би можел да биде осуден на затворска казна од шест месеци до 15 години.

Салвини, во август минатата година додека беше министер за внатрешни работи, не дозволи мигрантите да слезат од хуманитарниот брод. Во судскиот документ се наведува дека судот во Палермо побара од Парламентот овластување да продолжи истрагата против Салвини поради киднапирање на 107 мигранти, кои беа на  шпанскиот хуманитарен брод „Отворени раце“.

– Салвини без добра причина го отфрли барањето на капетанот за истоварување, со што свесно ја загрози личната слобода на мигрантите, се наведува во документот.

Мигрантите со денови останаа на бродот, додека Обвинителството не нареди заплена на бродот и евакуирање на луѓето.

За време на 14-месечниот министерски мандат Салвини постојано спречуваше влез на мигрантите во Италија и ги попречуваше активностите на спасувачките бродови и им се закануваше со казни на хуманитарните организации.