Индија загуби контакт со вселенскот летало Викрам, кое се обиде да слета на јужниот пол на Месечината и да постави возило кое ќе трага по вода на сателитот на земјата, соопшти индиската Организација за истражување на вселената.
Се уште не се знае дали леталото слетало или доживеало несреќа. Мисијата Чандријан 2, за која се потрошени околу 140 милиони долари, имаше за цел да ги анализира кратерите на „темната страна на Месечината“, кои содржат резерви на вода, што било потврдено со претхпдната мисија Чандријан 1 во 2008 година.
Со успешно спуштање на вселенското летало на Месечината, Индија ќе станеше дури четвртата земја која го направила тоа, а трета кој поставила роботизирано возило. Досега тоа ги имаат направено само САД, поранешниот Советски сојуз и Кина.
Comments are closed for this post.