Граѓаните на Ирска го реизбраа Мајкл Хигинс за претседател и го поддржаа отстранувањето на казната за богохулие од уставот на државата, пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на податоци од анкетите за резултатите на избирачките места.
Тие покажуваат дека на референдумот, 71% од испитаниците се изјасниле со „да„ за отстранувањето на богохулието од уставот, а 58% го поддржале Хигинс (77 години) за неговиот втор мандат.
Броењето на гласовите од вчерашните избори, што минале без поголем одѕив кај гласачите, почна денеска претпладне, а се очекува подоцна, во текот на денот, да бидат објавени и првите официјални резултати.
Богохулието во Ирска се казнуваше со глоба до 25.000 евра. Пред тоа да биде ставено во уставот во 1937 година, се смета дека последниот судски процес за нарушување на религиозните чувства датира од 1855 година, кога свештеник случајно ја запалил Библијата.
Република Ирска традиционално е држава со силна католичка црква и верници христијани, но во текот на последните години таа станува се поотворен дел од светот.
Comments are closed for this post.