Самопрогласениот претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо ја повика меѓународната заедница да ги разгледа „сите опции” за решавање на кризата во земјата.
Последните настани ме натераа да донесам одлука формално да и предложам на меѓународната заедница дека мораме да ги имаме сите опции отворени за да ја осигураме слободата на нашата земја, која се бори и која ќе се бори“, напиша Гуаидо на Твитер.
Гуаидо денеска во Богота ќе се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој, како што се очекува, ќе објави конкретни чекори.
Венецуелската војска викендов спречи влез во Венецуела на конвои камиони со странска хуманитарна помош, блокирајќи ги на границата и употребувајќи солзавец за растерување на опозициските демонстранти.
Шефот на американската дипломатијата Мајк Помпео, пак, го окарактеризира Мадуро како „најлош од најлошите тирани”, поради блокадата на неколку стотици тони храна, лекови и хигиенски средства, кои САД ги испратија во Венецуела.
Помпео, при тоа, не ја исклучи таа можност за можна употреба на сила од страна на американската војска,
„Рековме дека сите опции се на маса. Правиме се што можеме да завладее демократијата и да се создаде подобра иднина за Венецуелците“, изјави Помпео.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, пак, апелираше по секоја цена да се избегне насилство во Венецуела, наведувајќи дека е „шокиран и тажен” што неколку цивили го загубија животот во судири со венецуелската војска.
Тој повика на смиреност и од сите учесници побара да вложат напори за да се избегне натамошна ескалација.
Comments are closed for this post.