Климатската активистка Грета Тунберг денеска изјави дека оние кои ја напаѓаат, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп се уплашени од младите луѓе кои носат промени, кои тие не ги сакаат.
Во изјава за Радио Би Би Си таа оцени дека тие напади се „баш смешни“.
– Тие очигледно ништо не значат, односно претпоставувам и дека нешто значат. Тие напади значат дека се уплашени од младите кои носат промени, кои тие не ги посакуваат. Тоа е доказ дека ние нешто работиме, па тие нè гледаат како некаква закана, потенцираше Тунберг.
Минатиот месец кога „Тајм“ ја прогласи за личност на годината, Трамп и порача да „олади“ и да поработи на контрола на бесот.
Comments are closed for this post.