Британскиот престолонаследник Чарлс ги повика своите сонародници и им порача да се „изборат за Британија, така што ќе им помогнат на земјоделците во бербата на овошје и зеленчук, за време на пандемијата на новиот коронавирус, затоа што е од витално значење за земјата.
Во апелот, што е дел од кампањата започната во Англија, со наслов „Бери за Англија“ (Pick for Britain), Чарлс преку видео дистрибуирано на социјалните мрежи, ја спореди потребата за труд во земјоделството со важноста на копнената армија во Втората светска војна и движењето на жените кои одгледуваа и помогнаа во производство на храна.
– Ако оваа година ги береме британските овошје и зеленчук, потребна ни е помош од армија луѓе, изјави принцот Чарлс и додаде дека е од голема важност во екот на оваа глобална пандемија да се даде важен придонес во целокупниот национален напор за да се победи пандемијата.
Принцот Чарлс изјави дека ќе бидат потребни илјадници луѓе во наредните месеци за да помогнат во бербата на земјоделските култури, и истакна дека е свесен дека работата ќе биде непривлечна, а понекогаш и тешка
Comments are closed for this post.