Германската сојузна министерка за семејство, Франциска Гифеј, поднесе оставка поради обвинувањата дека нејзината докторска дисертација е плагијат, пренесе Дојче Веле.

Од Министерство за семејство потврдиле дека министерката Гифеј ја соопштила својата одлука на седницата на Владата утрово, а Универзитетот во Берлин најавил дека ќе ја одземе нејзината докторска титула.

Сомнежите дека за нејзината докторска дисертација е плагијат се појавија во февруари 2019 година. Во ноември минатата година пак, таа објави дека се откажува титулата која ја добила во 2010 година сè додека не се расчистат сомнежите.

Гифеј од 2018 година беше сојузна министерка за семејство. Од ноември минатата година е претседателка на Социјалдемократската партија во Берлин, како и на листата за кандидат за градоначалник на Берлин.