Шокантни слики кружат низ интернетот на кои се снимени полицајци како тепаат демонстранти од „жолтите елеци“ за време на минатонеделните протести во Париз.
Откако полицијата фрлила солзавец, некои од демонстрантите, и жени и мажи, вечерта околу 19 часот засолниште побарале во еден ресторан за брза храна во близина на Триумфалната капија. Но, безбедносните сили и таму фрлиле солзавец и таму почнала да ги тепа извикувајќи „излегувајте, излегувајте“ при што ги соборува на земја. Жртвите очајнички се обидуваат да ги покријат лицата.
Кога полицајците забележале дека новинари ги снимаат, тие ги оставиле „жолтите елеци“ и бесот го истуриле врз ТВ екипите.
Во меѓувреме, е направена и анкета, според која 7 од десет Французи го поддржуваат протестот на „жолтите елеци“.
Comments are closed for this post.