Франција почна да ги брои жртвите на топлотниот бран кој ја зафати земјата. Три лица починале од шок на жешкото време кога влегле во вода за да се разладат, објавија медиумите.

Сите починати лица се на возраст од 62 до 75 години.

Француските власти во 58 области прогласи „портокалов аларм“ откако живата во термометрите се искачи на 45 Целзиусови степени. Во петок се очекуваат и температури и од 45 степени.

Жителите на Париз исто така почнале да се подготвуваат за топлотниот удар. Создадени се соби се ладење во јавните објекти, инсталирани се дополнителни јавни чешми,а отворени се за јавноста сите базени кои ќе можат да се користат и навечер.