Фотографија на францускиот претседател Емануел Макрон како студент се појавила во упатство за употреба на студентските карти на универзитетот во Нантер, пренесуваат агенциите повикувајќи се на „Фигаро“. Сите новопримени студенти добиле меил, што содржел упатства како да се користи студентската карта, и во него имало фотографија на непознат човек.
Бруцошите биле изненадени од откритието дека на фотографијата е, всушност, францускиот претседател од деновите кога бил студент. Интересно е дека Макрон студирал филозофија на универзитетот од 1999 до 2001 година.
Фотографијата била објавена и Твитер страницата на универзитетот.
Од универзитетската управа велат дека станува збор за ненамерна грешка, а не за некаква намера за да покажат дека Макрон студирал кај нив. Студентската карта со фотографијата на Макрон како млад била користена за внатрешно тестирање на системот за печатење на картите и воопшто не требало да им биде испратена на бруцошите. Тие подоцна добиле нов меил со друга фотографија.
Comments are closed for this post.