Главниот град на африканската држава, Танзанија, Дар ес Салам формираше единица за откривање хомосексуалци, којашто треба да почне со работа идната седмица, соопшти гувернерот на областа, Пол Маконда. Една од задачите на припадниците на таа посебна единица ќе биде да ги следат друштвените мрежи со цел да се уапсат тие кои живеат во истополови заедници.
Хомосексуалноста во Танзанија е казнива, а земјата е постојано критикувана од меѓународната заедница. И формирањето на оваа единица се очекува да предизвика многу негативни реакции.
Повеќе сакам светот да ми се лути, отколку Бог, истакнува Маконда.
Тој додава и дека оваа борба освен тоа, ќе значи и строоги казни за порнографија.
Ги предупредувам луѓето да ги избришат сите порно-фотографии од своите мобилни телефони, нагласи гувернерот.
Во таа насока, затворени се и клиниките за лекување од ХИВ, оти властите ги обвинуваат тие лица за промовирање на хомосексуалноста.
Comments are closed for this post.