Евроскептиците во Европскиот парламент формираа нова политичка група, наречена „Идентитет и демократија“.

Според бројот на местата, таа ќе стане четврта според влијанието сила, изјави лидерката на француската крајно десна партија Национален фронт, Марин ле Пен, на прес-конференција со лидерите на евроскептичните партии од други држави.


Во групата влегуваат 73 пратеници од Франција, Германија, Австрија, Фландрија, Чешка, Данска и Естонија.