Сомнително возило предизвика затворање и евакуација на метро станица во близина на еден трговски центар во Лондон. Истовремено била поставена полициска блокада за да не се дозволи никој да се приближи до местото.

Како што соопштија од полицијата, акцијата била преземена поради неидентификуваното возило што било оставено во катната гаража на трговскиот центар Вестфилд  што се наоѓа во источниот дел на британската престолнина.

Случувањето предизвика паника кај жителите поради стравувањата за можен терористички напад.


Сепак, нешто помалку од еден час подоцна, откако завршија со безбедносните проверки, од  полицијата дозволија повторно отворање на станицата и нормализирање на движењето на возовите.