Етиопија денеска доби прва жена шеф на државата, откако пратениците ја избраа Сале-Ворк Зевде за претседателка.
Во патријахална средина како нашата, именувањето жена за шеф на државата не само дека ги потврдува стандардите за иднината, туку ја нормализира улогата на жената како носач на одлуки во јавниот живот, напиша на својот Твитер профил, шефот на кабинетот на премиерот Абиј Ахмед.
Ethiopia’s parliament approves senior diplomat Sahle-Work Zewde as the country’s first female president, cementing another shift in the country’s political system from Prime Minister Abiy Ahmed. #AfriPolSummit #WomenInLeadership pic.twitter.com/QCEyBKyRtj
— Africa Political Summit (@AfriPolSummit) October 25, 2018
Зевде, неодамнешното префрлање на моќта на реформаторскиот премиер го оцени како „пример“ и рече дека ќе се фокусира на поврзување на сите страни за воспоставување мир во земјата во која владее мултиетничка нетрпеливост.
Етиопските парламентарци минатата недела ја одобрија новата влада во која има 50 отсто жени, вклучително и прва жена министер за одбрана, што е нов рекорд на за земјата.
Comments are closed for this post.