Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови го изгласа ратификувањето на трговскиот договор по Брегзит меѓу Велика Британија и Европската унија. Пратениците на ЕУ го поддржаа договорот за трговија и соработка со 660 гласа „за“, 5 „против“ и 32 воздржани, објави денеска Европскиот парламент.
Гласањето се одржало претходниот ден. И покрај договорот на повеќе од 1.000 страници, кој стапува на сила на 1 мај, Европскиот парламент ја предупреди Велика Британија дека мора да се држи до своите обврски.
Comments are closed for this post.