Една жена загина, 47 други луѓе се повредени при протестите во Франција против покачувањето на цените на горивото, соопшти француското Министерство за внатрешни работи. Според податоците на француската полиција, тројца од повредените се во критична состојба.
Демонстрантите ги блокираа патиштата на повеќе места во Франција.
Се спроведува истрага за смртта на демонстрантката, која беше прегазена од жена која ја фатило паника кога се приближила до групата демонстранти и наместо на кочница таа ја притиснала педалата за гас и со автомобилот удрила во жената.
Француските власти не дадоа подетални информации како се повредени останатите 47 лица.
One woman dies as thousands of demonstrators take to France’s streets to protest rising fuel priceshttps://t.co/p5kqzugjSb pic.twitter.com/Gfpe6WfSqH
— TRT World (@trtworld) November 17, 2018
Comments are closed for this post.