Еден тинејџер загина, а двајца други се ранети по пукање во еден трговски центар во Алабама во очи на купувањето за „Црн петок“.
Според информации на локалните власти, пукањето се случила во 21.30 часот по локално време во трговскиот центар „Риверчејс Галерија“ во предградие на градот Бирмингем.
Инцидентот се случил кога тепачка межу двајца тинејџери, од кои едниот бил 18-годишник, се претворила во престрелка. Момчето што почнало да бега по инцидентот се соочило со полицајците кои припукале кон него и го усмртиле на лице место.
Вториот тинејџер е хоспитализиран и се наоѓа во сериозна состојба, а рането е и едно 12-годишно девојче, чија здравствена состојба не се соопштува.
Someone posted this shooting in the mall at river riverchase Galleria in Hoover Alabama on Thanksgiving pic.twitter.com/3WczyXqu7A
— NIKKI (@braxtonthings) November 23, 2018
Comments are closed for this post.