Главниот град на германската покраина Бранденбург. Во болницата четири лица се пронајдени мртви, а полицијата уапси една осомничена жена. Причината за грозоморниот чин нејасна.
Портпаролот на бранденбуршката полиција Хајко Шмит, изјави дека полицијата била повикана во клиниката „Оберлин“ околу 21 часот, кога биле пронајдени четирите безживотни тела, додека едно лице кое било тешко повредено. Жртвите биле пронајдени во различни болнички соби и имале видливи траги од насилство, додека за приведената постои основано сомнение дека е одговорна за убиствата.
Според првичните сознанија уапсената жена осомничена за убиство, е на возраст од околу 50 години и била вработена на клиниката во објектот за лица со инвалидитет, додека пак жртвите биле пациенти.
Клиниката Оберлин е специјалистички центар за ортопедија. Локалните медиуми објавија дека злосторството се случило на одделот за палијативна нега.
Уште во текот на ноќта во болницата биле спроведени бројни истражни мерки. Мотивот за овој масакр се’ уште не е познат.
Comments are closed for this post.