Судот во источен Сибир го осуди поранешниот полицаец, Михаил Попков, од рускиот град Ангарска на доживотна казна затвор поради убиство на 56 жени. Тој е познат под прекарот Врколак.
Попков е осуден е за убиствата во периодот од 1994 до 2000 година.
Иако Попков сега е осуден за 56 убиства, тој е одговорен за убиството на најмалку 78 жени. Тој е уапсен во 2012 година и веќе отслужува доживотна казна за убиство на 22 лица.
Со денешната пресуда, Попков стана сериски убиец со најмногу жртви во последните 100 години.
Психијатарските тестови покажаа дека тој е пресметлив.
Comments are closed for this post.