“Дојче банк” размислува да скрати меѓу 15 000 до 20 000 работни места, во обид да се избори со континуираната финансиска слабост, соопштува “Волстрит џурнал”, цитирајќи лица кои се запознаени со тековните дискусии на високо ниво во големиот германски заемодавач.
Ако биде спроведено, кратенката ќе опфати помеѓу 16% до 22% од работната сила на “Дојче банк”, која е во износ од 91 463 вработени низ целиот свет, според објавените од банката официјални податоци кон крајот на месец март.
Такви големи отпуштања најверојатно ќе одземат повеќе од една година, изјавија луѓето блиски до банката. Тие исто така очекуваат тежок удар врз операциите на “Дојче банк” во САД, како и врз инвестициското единица на банката како целина.
Comments are closed for this post.