Џошуа Трамп од Делавер не е во роднинска врска со претседателот Доналд Трамп. Неговите родителите велат дека другите ученици во одделението поради презимето го нарекуваат „идиот“ и му зборуваат дека е „глупав“.
Меѓутоа, тој е едедн од 17-те лица кои посебно ги повиката претседателот и првата дама на говорот за состојбата на нацијата.
Неговите родители, Меган Трамп и Боби Берто, рекоа во декември за телевизијата ВПВИ, испостава на Еј Би Си, дека злоставувањето почнало во 2015 година, кога претседателот Трамп објавил дека ќе се кандира на изборите.
Кога откриле што се случува, родителите го отпишале од училиштето и година дена се школува од дома. Потоа тргнал во ново училиште и тие се надевале дека таму нема да биде злоставуван, но врсничкото насилство за жал продолжило.
„Рече дека се мрази себеси и своето презиме и дека постојано е тажен и не сака повеќе да живее“, рече тогаш неговата мајка.
Во соопштението од Белата куќа се наведува дека иако Џошуа е жртва на злоставување поради тоа што има исто презиме како и претседателот, „тој е благодарен на првата дама и семејството Трамп на нивната поддршка“.
Меѓу лицата кои посебно ги повика американскиот претседател и првата дама исто така се преживеаните од пикањето во синагогата во Питсбург, млада жена која се опоравува од долгорочна зависност, и семејството на двојата убиена во пукањето минатиот месец за која наводно е одговорен илегален имигрант.
Comments are closed for this post.