Активистите за граѓански права соопштија дека денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина.
Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстрантѕи се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо”.
За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург.
Протестите во Русија почнаа по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин да се мобилизираат армиските резервисти, седум месеци од почетокот на војната во Украина. На првите протести што се одржаа на 21 септември, истиот ден од прогласувањето на мобилизацијата, според порталот за граѓански права ОВД-Инфо, приведени се повеќе од 1.300 лица.
Comments are closed for this post.