За време на судењето на Брајан Волш, кој е обвинет за убиството на неговата сопруга Ана Волш, беше прикажана снимка од безбедносните камери на кои се гледа дека Брајан купува опрема за чистење кратко време по исчезнувањето на Ана.
Во исто време беше откриено дека Ана Волш од Белград го поминала Денот на благодарноста во Даблин со мистериозен љубовник.
Надзорните снимки од продавница за домашна стока во Норвел покажуваат дека Брајан купува три килими и миризливи свеќи, велат обвинителите.
Тој, исто така, беше виден истиот ден во Хоум Депо во Рокланд како носи црна хируршка маска и сини ракавици, плаќајќи со готовина. Наводно купил церада, партали, ленти, повеќе кофи, уште едно заштитно одело, 10,8 килограми сода бикарбона и други средства за чистење.
Comments are closed for this post.