Франција денеска соопшти дека засега нема докази за поврзаност меѓу новиот коронавирус и работата на истражувачката лабораторија П4 во кинескиот град Вухан.
– Сакаме да разјасниме дека до денес нема докази кои би ги поткрепиле информациите кои неодамна беа објавени во печатот во САД, а кои го поврзуваат потеклото на Ковид-19 со работата на лабораторијата П4 во Вухан, Кина, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.
Според широкиот консензус меѓу научниците, се смета дека SARS-CoV-2, службеното на новиот коронавирус, потекнува од лилјаци.
Comments are closed for this post.