Снајперската пушка наречена „Црна стрела„ која ја поседуваат многу армии во светот меѓу кои и АРМ е една од најдобрите.
Пушката М 93 е наменета за гаѓање на цели на отворен простор и неоклопни возила на далечина до 1500 метри и цели во лесно оклопни возила и цели зад заклони на далечина до 800 метри.
Покрај уништување на жива сила „Црна стрела“ може да се користи и за дејство против цели како што се неоклопни и лесно оклопни возила,приземјени авиони и хеликоптери, радари и друга електронска опрема,центри за врска и командни места.
Ефикасна е и за борба против непријателски снајперисти. Црната Стрела е репетирка,со концепција заснована на Маузеровиот систем.
Тешката цевка е изработена од хром-никел-вандиум челик кој се користи за изработка на топовските цевки.
Оружјето се полни со рамка со капацитет од пет куршуми.Енергијата на трзај е ублажена со поставување на двокоморна гасна кочница на устата на цевката и со поставување на два амортизери во кундакот.
Comments are closed for this post.