Жителите на градот Арментиер, на северот на Франција, во близина на Лил, доживеаја непријатно изненадување кога на крововите од куќите виделе голем црн пантер. Многумина од нив, го сликаа или снимаа животното како се шета по крововитеили си лежи на терасите или прозорите од зградите.
Замислете, се одморате дома и црн пантер ти проаѓа крај прозорецот – напиша на твитер еден од жителите на Арментиер.
Imagine t’es tranquille chez toi à Armentières et là une panthère noire passe devant ta fenêtre. 😱 pic.twitter.com/fdQubGyvRZ
— Victor Lefranc (@VictorLefranc) September 19, 2019
Пантерот бил избеган од еден стан во кој живеел, откако неговиот сопственик отишол на одмор и го оставил прозорецот отворен. Животното шетало по крововите околу еден час и повремено се враќало во својот стан, пред да биде успиено и префрлено во локалната зоолошка градина, каде што било згрижено.
Дваесет години сум полицаец и никогаш не сум видел ништо слично. Се случувао да избегаат змии, но не и голема мачка од триесетина килограми – изјави еден полицаец што учествувал во заловувањето на пантерот.
Comments are closed for this post.