Бројот на загинати во циклонот Идаи, што го погоди југоисточниот дел на африканскиот континент, се искачи на 761. Според последните податоци, билансот на жртви во Мозамбик изнесува 446, во Зимбабве 259, а во Малави 56.
Идаи, проследен со силен ветер со брзина и до 170 километри на час, како и со поројни дождови што предизвикаа поплави од катастрофални размери, пред 10 дена прво го погоди Мозамбик, потоа се прошири кон Зимбабве и Малави.
With 1.5 million people affected and a death toll that could stretch past 1,000, cyclone #Idai could be the deadliest cyclone ever recorded to hit #Mozambique, #Malawi and #Zimbabwe. https://t.co/FViElz0g2F pic.twitter.com/mhwA4w0uO8
— CARE (care.org) (@CARE) March 19, 2019
Министерот за заштита на животната средина на Мозамбик, Целсо Кореја, изрази стравување дека сегашната бројка од 446 загинати во земјата нема да биде конечниот биланс на жртвите. Според него, можно е Идаи да усмртил и до 1.000 жители на Мозамбик.
Во моментов околу 110.000 жители на Мозамбик се сместени во кампови, поради тоа што нивните домови се поплавени или уништени во налетот на циклонот, а властите стравуваат од можна појава на заразни болести во поплавените реони, како маларија и колера.
Courage, sacrifice, determination, commitment, toughness, heart, guts. That’s what women are made of. A woman is like a tea bag – you can’t tell how strong she is until you put her in hot water #CycloneIdai #chimanimanicyclone #IdaiCyclone #Idai pic.twitter.com/CYoptlBWpO
— ZooM Harare (@ZoomHarare) March 18, 2019
Comments are closed for this post.