Федерален судија во САД нареди Челзи Манинг повторно да биде ставена во затвор затоа што одбила да сведочи пред голема порота во случајот против Џулијан Асанж. Нејзе и стојат закани од високи парични казни доколку продолжи да одбива соработка со судот.
Манинг, пак, одговорила дека попрво ќе умре.
Попрво ќе умрам отколку за ова да го сменам моето мислење. И кога ова го велам, јас буквално и го мислам“, рече Манинг за време на сослушувањето во судница во Вирџинија.
Поранешниот армиски специјалист за шпионирање веќе помина седум години во затвор заради предавање на Викиликс доверливи воени и дипломатски документи во 2010 година. Таа дополнително беше осудена на 62 дена во затвор затоа што одби да сведочи пред друга порота. Од затвор излезе пред неколку дена.
Овој пат на Манинг и се заканува казна од 500 долари секој ден доколку продолжи да одбива да соработува. По два месеци глобата ќе се зголеми на 1.000 долари дневно.
Поранешен агент на ФБИ и дојавувач, Колин Роули за РТ изјави дека никогаш порано сведок не поминал толку долго во затвор и казната ја нарече драконска.
Доколку процесот пред големата порота се одвива 18 месеци, тоа ќе значи казна од половина милион долари“, рече таа.
Comments are closed for this post.