Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп е неспособна и дисфункционална, смета британскиот амбасадор во Вашингтон, Ким Дарок. Тоа се наведува во дипломатски документи до кои дојде весникот Мејл он сандеј.
Дарок смета дека претседателствувањето на Трамп може да заврши катастрофално и понижувачко, се наведува во извештаите што ги испраќал до Лондон.
„Не сметаме дека таа адмнистрација ќе биде понормална помалку дисфункционална, помалку непредвидлилва и помалку дипоматски неспособна, се вели во една од пораките на Дарок.
Тој го оквалификува америуканскиот претседател како нестабилен и некомпетентен.
Според Дарок, статиите за хаос и внатрешни борби во Белата куќа што Трамп ги нарече „лажни вести“, се „во поголем дел точни“
Comments are closed for this post.