Граѓаните на Обединетото кралство во просек се пијани 51,1 пати во текот на годината или барем еднаш неделно. За споредба, на глобално ниво луѓето просечно се опиваат по 33 пати во годината, покажува најновата анализа спроведена во 36 држави во светот.
Истражувањето покажува дека државите од англиското говорно подрачје се водечки во светот, па така водечки се САД, Канада и Австралија и на четврто место е Велика Британија. Податоците се резултат на осумгодишно истражување спроведено од Global Drugs за употребата на секакви супстанци, што се сметаат за опијати, пренесува „Дејли меил“. Експертите во Лондон проучувале 5.400 лица во Велика Британија, Шкотска, Велс, Холандија и над 120.000 од целиот свет.
Професорот Адам Винсток, лидер на истражувачкиот тим, тврди дека додека бројот на лицата кои пијат се намалува, други пиењето го прават на исклучително опасен начин.
Претераното пиење е многу лошо. Треба да се прави разлика меѓу тоа да си лесно пијан или пренапиен, исто како што постои разлика тоа да го правиш три-четири пати во годината или секоја недела. Во Велика Британија не сме особено умерени. Во крајна линија, на крајот од вечерта постојано сме пијани, вели тој.
Comments are closed for this post.