Првата дама на Франција и се враќа на својата професија – ќе предава во приватно училиште за возрасни кои не се стекнале со диплома. Проектот финансиски го поддржува бизнисменот Бернар Арну, шефот на ЛВХМ Групацијата. Училиштата на Макрон сега се во изградба, а првото се очекува да биде отворено во септември годинава, а второто во 2020 година во Париз, пишува „Ле поинт“.
Според извештајот, Бригит Макрон ќе држи настава по два пати неделно, а курсевите се наменети за невработени лица на возраст меѓу 25 и 30 години, кои немаат свидетелство за завршено образование кои би им помогнало да конкурираат на пазарот на трудот.
Бригит е наставник по француски и латински јазик и литература. Таа, инаку, токму како наставник му предавала и на својот сегашен сопруг, претседателот Емануел Макрон.
Comments are closed for this post.