Белорусија подолго време е во  центарот на вниманието поради обидот да се смени претседателот Александар Лукашенко.Но, малкумина знаат како се живее во оваа поранешна советска република со главен град Минск.

Таа е една од најразвиените во тој регион кој наместо пазарен капитализам има делумен пазарен комунизам со кој владата го контролира однесувањето на цените на основните намирници но и инфлацијата.

Во извештајот на ОН за 2006 година Белорусија е означена како брзорастечка економија со раст на БДП од 11 проценти. Растот на Белорусија е многу поголем од Полска, Литванија и Летонија.

Најголемото природно богатство е тресетот кој се користи како гориво и ѓубриво. Развиено е производство на трактори, градежни машини ,како и хемиска индустрија. Главна гранка во земјоделството е производството на компир, шекерна трска и пченица.