Aпелацискиот Суд во Брисел одлучи дека Кралот Алберт Втори, кој абдицираше во 2013 година во корист на својот син Филип, мора во наредните три месеци да биде подложен на ДНК анализа, со цел да се утврди дали е навистина татко на Делфин Боел.
Боел, судската процедура ја почна во 2013 година, но првостепениот суд во Брисел ги одби нејзините барања и покрај фактот што тогашните ДНК анализи утврдија дека Жак Боел, со кого таа пораснала, не и е биолошки татко. Алберт Втори повеќепати преку својот адвокат порача дека одбива секакви генетски тестови. Останува неизвесно дали ќе одбие да ја почитува одлуката на Судот.
Скандалот со Делфин Боел изби во 1999 година кога млад новинар откри дека Алберт Втори, кој тогаш сѐ уште не бeше крал на Белгија, одржувал вонбрачна врска додека неговиот брак со, подоцна кралицата, Паола бил во криза. Од таа вонбрачна врска наводно се родила Делфин Боел. Паола тогаш побара развод, но подоцна се премисли, па брачната двојка се помири петнаесетина години подоцна. Во 1999, Кралот Алберт Втори во својот редовен божиќен говор призна дека неговиот брак со Паола поминал низ тешка криза триесет години порано.
Јас и Кралицата се потсетивме на многу среќни времиња, но и на кризата низ која мина нашиот брак пред повеќе од триесет години, рече тогаш кралот.
Comments are closed for this post.