Данската пратеничка Мете Абилгор се пожали дека ѝ било кажано веќе да не го носи своето бебе во Пленарната сала на данското Собрание.
Како што пренесува Би-Би-Си, таа дошла на работа со петмесечната ќерка, бидејќи таткото на бебето бил зафатен и не можел да се грижи за неа.
Пленарната сала е за пратеници, а не за бебиња и деца“, изјави шефицата на Собранието, Пиа Керсгор која побарала мајката да биде исфрлена.
Подоцна беше објаснето дека Керсгор само ги следела правилата и прописите на Парламентот.
Comments are closed for this post.