Актуелниот претседател Башар Асад доби 95% од гласовите на претседателските избори во Сирија, ден претходно, тој објави дека не дава „пет пари“ за западните критики на неговиодт „режим“.

Коментирајќи ги критиките на САД и ЕУ за изборите како „ниту слободни ниту фер“, Асад реагираше: „Вашите ставови имаат нула вредност“.

Соединетите држави и Европската унија истакнаа дека тие не биле „ниту слободни ниту фер“.

Ова беа втори претседателски избори од почетокот на десетгодишната граѓанска војна, во која загинаа повеќе од 388 000 луѓе, а се проценува дека половина од населението се исели…

Башар ел Асад (55) владее со Сирија од 2000 година, наследувајќи го својот татко Хафес Асад.