Австралиската држава Викторија денеска влегува во еднонеделна блокада поради Ковид-19, а близу седум милиони жители ќе мора да останат дома, освен за извршување на најважните работи, бидејќи властите се борат да запрат нов позаразен бран на зараза.

Имаме работа со многу заразен вид на вирус, варијанта која е загрижувачка и се шири побрзо отколку што досега сме забележале, им рече на новинарите во Мелбурн привремениот премиер на државата Викторија, Џејмс Мерлино, пренесува „Ројтерс“.