Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ја повлече жалбата на неговата затворска казна во траење од 50 недели поради кршење на условите за привремено пуштање на слобода во Велика Британија.
Судски претставници соопштија дека е откажано сослушувањето, кое било закажано за следната недела.
Асанж служи казна од 50 недели во Велика Британија поради кршење на кауција, откако седум години помина во Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да избегне екстрадиција во Шведска поради наводно силување.
Асанж во февруари следната година го очекува сослушување на кое ќе биде одлучено дали ќе биде екстрадиран во САД, каде е обвинет за наводен обид да разбие владини шифри и кршење на законот за шпионажа.
Comments are closed for this post.