Случаен минувач спасил двегодишно девојче, кое паднало од прозорец. Драматичните кадри биле снимени од камера за видеонабљудување. На нив се гледа како девојченцето паѓа од прозорец на својот дом во Истанбул.
За среќа, во тој момент на местото на настанот се нашол 17-годишен алжирски имигрант, кој забележал што се случува. Тој застанал под прозорецот и уиспеал да го фати детето. Според турската полиција, детето паднало додека мајка и готвела во кујната.
Comments are closed for this post.