Албанците во Велика Британија се собраа на мостот Вестминсте, во близина на Парламентот, каде протестираат против наводната дискриминација, а политичкиот активист Најџел Фараж ги истакна немилите сцени за време на демонстрациите во Лондон.
Албанците почнаа да го изразуваат своето незадоволство поради изјавата на британската секретарка Суела Браверман, која рече дека мигрантите од Албанија ја „напаѓаат“ Британија, без да спомене други народи.
Тие го поставија знамето на Албанија под споменикот на Винстон Черчил, што особено го налути Најџел Фараж.
– Овие луѓе не се грижат за нашата земја или за жртвите од минатото. Ова што денес се случува во Лондон е срамота! – напиша Фараж на Твитер
Comments are closed for this post.