Поранешниот словачки министер за надворешни работи Мирослав Лајчак ја напушта позицијата советник на премиерот Роберт Фицо. Одлуката следува по објавувањето на негови комуникации со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.

Koj беше Лајчак

Лајчак беше голем пријател на поранешниот министер за надвореши работи Никола Димитров како и на премиерот Зоран Заев. Како олеснувач на дијалогот меѓу Приштина и Белград даде голема поддршка на Договорот од Преспа и промената на уставното име на Македонија.