Професорот од Универзитетот Сеченовски во Москва, Сергеј Бољевиќ, денес изјави дека првата пациентка која го завршила третманот против меланом и ја примила руската персонализирана вакцина против рак во моментов нема откриени метастази. Тој оцени дека ова е многу охрабрувачко бидејќи укажува на можната ефикасност на оваа терапија.
Тој додаде дека пристигнувањето на првата пациентка од Србија се очекува во јануари, кога и таа треба да започне со терапија.
Ова е навистина голема, огромна работа. Не е само тоа што пациентката сега се чувствува добро, што е случај, и дека нема метастази. Го знаеме механизмот на дејствување, па ќе почекаме да се потврди. Мора да се чека од три до пет години, така е во онкологијата. Овој тумор е излечен, но ќе почекаме официјално да биде потврден“, рече тој за телевизијата К1.
Бољевиќ рече дека на пациентот му е дијагностициран меланом во 2021 година, додека во 2025 година е утврдено дека болеста се проширила на лимфните јазли. Додаде дека почнал да ја прима персонализираната вакцина во април 2026 година, а последната доза ја примил во септември.
Зборувајќи за начинот на кој функционира вакцината, Бољевиќ објасни дека туморот има еден вид чадор за одбрана, поради што телото не може да го препознае. Тој истакна дека со оваа терапија, лекарите го отстрануваат тој чадор и ги учат сопствените клетки на телото како да се борат против туморите.







Comments are closed for this post.