Фудбалерот Луиз Суарез проговори за зборовите на сопругата и ноќта што му го променила живот и размислувањата за тоа кој е тој навистина.

„Постигнав четири гола за Норвич, се вратив дома и очекував сопругата да ми честита. Не ми проговори ни збор. Следниот ден дојде до мене, ме погледна и ме праша дали знам зошто не ми честита. Ми рече дека јас сум сè уште нејзин сопруг, татко на нашата ќерка и истиот човек каков што отсекогаш сум бил“.

Не му требало долго да сфати што значи тоа. Му беше јасно дека премногу „лета“ и дека тоа воопшто не ѝ се допаѓа.

„Тогаш сфатив сè, таа беше во право. Кога почнуваш да те фалат од сите страни, ризикуваш да изгубиш контакт со реалноста. Кога имаш некого покрај себе што те потсетува на тоа кој си, што те држи на земја, тоа е исклучително важно. За целиот свет бев Луис Суарез, но дома бев истата личност. Дома не сум стрелец, туку татко, сопруг, некој што помага и мие садови. Можеш да постигнеш 600 гола, но ако ја фрлаш облеката низ куќата и се однесуваш несмасно, ќе добиеш караница и лекција. И тоа е во ред, ти треба некој да те држи понизен“, рече Суарез.