Египет ноќеска го победи Нов Зеланд со 3:1 во натпревар од второто коло по групи на Светското фудбалско првенство 2026.
Оваа победа е прва за Египет на Светските првенства. Претходно имаа три нерешени резултати и пет порази.
Исто така, тоа беше првпат Египет да губи на полувреме во натпревар од Светското првенство.
Египет со четири бода од два натпревари е лидер во групата Г, Иран и Белгија имаат по два бода, последен е Нов Зеланд со еден освоен бод.
Во последното коло од групната фаза на 27 јуни Египет ќе игра против Иран, додека Нов Зеланд ќе се соочи со Белгија







Comments are closed for this post.