Лос Анџелес Лејкерс утринава загуби од Оклахома сити дома во натпревар од НБА-лигата со 119:110.

Ветеранот на Лејкерс, Леброн Џејмс, запиша дабл-дабл со 22 поени и 10 асистенции.

Лејкерси (32 победи и 20 порази) се петти во Западната конференција на НБА-лигата. Нивната серија од три победи заврши.

Оклахома Сити (41-13) останува лидер во Западната конференција.

На другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати:
Шарлот – Детроит 104:110
Бруклин – Чикаго 123:115
Мајами – Јута 111:115
Орландо -Милвоки 118:99
Минесота – Атланта 138:116
Њу Орлеанс – Сакраменто 120:94
Денвер – Кливленд 117:119
Голден Стејт – Мемфис 114:113
Портланд – Филаделфија 135:118.