Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Во третото коло, српскиот тенисер го победи Александар Ковачевиќ со 6:4, 1:6, 6:4.
Алекс играше многу добро, се познаваме многу добро – неговото семејство е од Србија и ми е мило што игра на ова ниво. Тој игра бекхенд со една рака, имаше одличен турнир, а денес сервираше многу добро. Не се сеќавам кога играв против некој од неговата висина, да сервираше толку продорно. Еден гем во првиот сет и последниот гем од натпреварот направија разлика. Беше неизвесно до крајот и ми е мило што успеав да излезам како победник,изјави Ноле по мечот.







Comments are closed for this post.